ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени избори. Премерот Заев експресно го отфрли предлогот. На врата тропаат локални избори. Мобилизација во редовите на власата и на опозицијата. Нова изборна година во која ќе се брои ветеното, оствареното и неоствареното. Уште не почнат, пописот им збоптиса на граѓаните. Статистичарите се подготвувааат за теренско пребројување на граѓаните, политичарите се уште тактизираат. Власта сака да ја стартува операцијата на 1ви април. ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за уривање на пописот. Рецесијата е зад нас, но дали не чека економско заздравување? Отпис на камати за долгови, туристички ваучери од 250 евра. Бескаматни кредити за фирмите, но дали помошта ќе стаса навреме и на вистинска адреса?
Во 24 анализа Љупчо Зиков и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија