
24 Анализа – Пратеничко вето или пратенички пас?
Пратеничко вето или пратенички пас, ќе изброи ли власта 80 гласа „за“ за отворање на Уставот или, пак, опозицијата ќе го зацементира ставот против Договорот од Преспа? Колку „непристојната“ понуда за 27. април протолкувана како повик за амнестија ќе и се удри од глава на власта ако оди до крај со неа, но и на опозицијата, ако ја прифати? Ќе предизвика ли „не-то“ на Христијан Мицкоски кон Вес Мичел политички земјотрес во ВМРО-ДПМНЕ во предвечерието на утрешниот клучен собраниски ден за отворање на Уставот.
Во 24 Анализа пратеничка дебата меѓу Хари Локвенец од СДСМ и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија