
24 анализа – Плати ли Македонија преголема цена за европските интеграции?
Се плаши ли СДСМ од предвремени парлементрани избори – по промената на уставното име и Законот за албански јазик? Ги бара ли ВМРО-ДПМНЕ, а „моли бога“ да не ги добие – особено откако тивко помогнаа уставните измени да поминат без поголема драма? Плати ли Македонија преголема цена за европските интеграции, која е неизвесно дали и кога ќе и се исплати, кои ќе бидат последиците за власта, кои за опозицијата во целиот тој процес? Колку ќе ги чини граѓаните новиот Закон за јазици, зошто власта го донесе на сила, ќе одговара ли некој кривично, што ќе значи повикот за бојкот од опозицијата до институциите, дали ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе го бранеше со истата жестина со која сега го напаѓа?
Во 24 Анализа, дебата меѓу потпретседателот на СДСМ и член на извршниот одбор, Дамјан Манчевски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дел од Извршниот комитет, Никола Мицевски.
24 Анализа на 24 Телевизија