
24 анализа – Кој ќе одговара ако падне случајот „Монструм“?
На што се должи новиот став на обвинителството во случајот „Mонструм“, кој ќе одговара ако падне случајот за кој пресудите се доживотен затвор за лица осудени зa тероризам, колку има политичка заднина во случајот што ја потресе Mакедонија, а кој политичарите го користеа и за дневно политички поени.
Анализираат поранешниот судија Валентин Зафиров, адвокатат Драган Малиновски и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, а во емисијата имаме и сведочења на Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените и Раде Славковски , татко на убиениот Филип Славковски, како и став од судијата Владимир Туфегџиќ кој како истражен судија ја водел истрагата
24 Анализа на 24 Телевизија