Кој колку и кога ќе добие помош од петтиот пакет антикризни мерки? Поддршка бараат речиси сите индустрии и сектори, но кој ќе биде приоритет? Дали јануари ќе биде загубен месец за државна помош или сепак во трка со времето, власта ќе успее да им даде финансиска логистика на фирмите.
Гостуваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со вклучување на економисти и бизнисмени, универзитетскиот професор Лазар Јовески, Маријана Перковска од „Текстилниот кластер“ и Миле Бошков од „Бизнис конфедерација на Македонија“.
24 Анализа на 24 Телевизија