
24 анализа – Како до мирен трансфер на власта?
Може ли новото меѓународно име на Македонија да се смени во апсурдистан откако во земјава се случуваат сите можни политички и правни преседани… Граѓаните дочекаа и за прв пат владата да не сака да ја предаде власта, принципот на мирен трансфер на јавните службеници загрозен. Од ДУИ и од говорницата порачуваат, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите услови, освен СЈО, и прашуваат: За што протестирате? Гости се поранешните пратеници: Ѓулистана Марковска и Владимир Голубовски како и аналитичарот Перо Димшовски.
24 Анализа на 24 Телевизија