Македонија и Бугарија никогаш немале полоши меѓусебни односи. Најголем дел македонци според Евробарометарот ја сметаат Бугарија за најголем непријател, а мислат дека земјава никогаш нема да стане членка на ЕУ и се разочарани од Брисел. Дополнително провокациите од официјална Софија не престануваа. Возможно ли е во вакви услови воопшто да се зборува за уставни измени? Како си дозволи Македонија да биде прозивана за насилство врз Бугарите во Брисел од официјална Софија? Како од кафеанска тепачка, каде македонски државјанин е натепан од бугарски државјанин ни се случи меѓународен инцидент? Евроскептицизмот расте, довервата во институциите опаѓа. Колку избори и широка Влада која во СДСМ ја промобира, екс премиерот Зоран Заев, меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би била решение за македонските проблеми надвор и внатре?
Дебатираат Ивица Боцевски поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и Гордан Ѓорѓиев универзитетски професор и поранешен пратеник.
24 анализа во 20.45 со Душица Мрѓа.
24 Анализа на 24 Телевизија