Нема правда нема мир, има ли мир со селективна правда? Како државата која сака да биде членка на ЕУ за 7 години може да си дозволи само 4% од граѓаните да веруваат во правосудсвото? Театар или вистинска работна група, додека експертите се расправаат за Деловникот, Османи и Маричиќ веќе најавуваат дека се готови, ќе бранат ли од министерството за правда амандмани кои ќе им бидат сервирани? Како владата ќе стигне до 80 гласа? Зошто упорно се злоупотребува европското знаменце за закони кои немаат врска со ЕУ? Скандалот во Судски совет ја отвори Пандорината кутија – како да се верува на судии кои и самите не си ги почитуваат законите? Дали неправилностите кои од правда ги најавија во конфискацијата на имотот на Сашо Мијалков може да значи државата да му го врати конфискуваниот имот и уште да му прави штета? Како може државата и да си помисли доживотно осудените убијци на децата од Смилковско езеро да ги врати во Косово? Колку сензационалистичката најава на секој е нови раководство во парвда за екстрадиција на Никола Груевски е реално изводлива?
Во 24 Анализа интервју со Викторија Аврамовска Мадиќ заменик министер во министерството за правда.
24 Анализа на 24 Телевизија