Масакрот во Белград каде ученик уби 8 деца и еден возрасен го остави регионот во шок. Ќе биде ли доволно ли да го активира алармот за родителите, наставниците, институциите и општеството конечно да се разбуди? Што може да го направи одличниот ученик од добро семејство масовен убиец? Во белград масакар, во Македонија силувано 8 годишно дете од 10 и 13 годишни деца. Колку агресијата раѓа агресија? Зошто сите ги затвораат очите за врсничкото насилство?
Колку е лесно дете да дојде до оружје? Како општеството стана толку болно за масовните убиства, силувања да добиваат и поддршка и воодушевување? Дали трката по моќ и пари на возрасните го зема данокот во најмладите?
Во 24 анализа за лоцирањето на одговорноста целото општество со универзитетската професорка по социологија и експерт за врсничко насилство Татјана Стојановска Иванова, универзитетскиот професор и психијатар Стојан Бајрактаров и поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски.
24 Анализа на 24 Телевизија