Угостителството повторно под закана за клуч, нови рестрикции – како ќе удрат по економијата: зголемени трошења, намалени приливи во Буџетот. Можеше ли да се ублажи вртоглавиот економски пад? Стотици милиони евра за кредити, грантови, платежни картички. Дали навреме и правилно државата ги насочи мерките за поддршка? Секојдневни пикови на бројот на новозаболени од Ковид 19, болниците се полнат, економијата под нова закана, доаѓа зима, а со неа и нова економска година. Kако ќе се преживее?
Во 24 Анализа дебатираа универзитетскиот професоr Трајко Славески, ВМРО-ДПМНЕ и Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации, СДСМ. Од самоизолација и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
24 Анализа на 24 Телевизија