Се повеќе пари за земјоделството, се понезадоволни земјоделци. Тутутунари, лозари, оризопроизводители, градинари, секоја нова откупна сезона со стари проблеми. Се раскинуваат договори за закуп на земјоделско земјиште. Кој не го почитува договореното, земјоделците или државата? Што се случи со ветувањата за планско производството? Дали ковид 19 кризата дополнително го разори земјоделството? Ќе поскапи ли храната? Земјоделец – бизнисмен или акробат во професијата?
Соочување на аргументите меѓу Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, Тони Максимов, претставник на оризопроизводители, Ристо Велков, Сојуз на синдикати, Струмица, Менде Стомнароски, Сојуз на тутунари, Никола Шалев, Федерација на земјоделски синдикати, Свети Николе.
24 Анализа на 24 Телевизија