Есенскиот бран дојде порано, Македонија бележи црни рекорди во корона пандемијата. Земјата има најголема смртност во регионот и е веднаш после првите дваесет најлоши резултати за смртноста од ковид 19 во цел свет. Каде е проблемот, дали здравствениот систем и државата се добро поставени за борба против пандемијата, се прават ли константно грешки во стратегијата?
Дебатираме со генералниот секретар на алијансата на албанците и екс министер за здравство Арбен Таравари и екс директорот на Здравстен дом Скопје Злате Мехмедовиќ.
24 Анализа на 24 Телевизија