Светската економија запаѓа во најдлабока рецесија. Се влошуваат прогнозите и за следната година. Стратешките партнери на Македонија во карантин. Кои ќе бидат негативните ефекти за домашниот пазар? Можен полициски час и нови рестрикции против ковид 19. Здравјето е приоритет, но сиромаштијата тропа на врата. Одлуките за нови мерки – меч со две острици. Сега се здолжуваме, наскоро ќе треба да ги враќаме долговите. Ќе биде ли доволен само економскиот раст или ќе мора да се посегне по зголемување на даноци за да се полни државната каса? Досегашниите повеќе децениски политики на кроење на буџетот сега ги исфрлија на површина длабоките слабости. Дали е време да се посегне по структурни реформи во буџетот?
Дебатираа Павле Гацов, даночен советник и Дарко Лазаров, професор.
24 Анализа на 24 Телевизија