Владата најавува дека ќе му одзема државјанство на контраверзниот украински олигарх Олекдандр Онишченко – кој е на црната листа на САД. Тој тврди дека го добил законски – скандалот не стивнува. Бара ли Владата алиби во „лажни документи“ за пропустите на АНБ? Ќе заврши ли скандалот само со дисциплинска на дел од вработените во АНБ, без политичка одговорност за безбедносната „дупка“ во најбитната безбедносна институција? Кој го саботираше отчетот на Виктор Димовски во Собранието и опзволи класифицирани информации да се емитуваат во живо на интернет? Дали последниот скандал со Онишченко е доказ дека безбедносната мрежа во Македонија е „швајцарско сирење“ како што обвинува опозицијата или пак се работи само за изолиран инцидент како што тврди власта?
Дебатираат Љупчо Пренџов претседател на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ од ГРОМ, Мартин Костовски член на комисијата од СДСМ и Љубомир Ѓурчевски поранешен началник во МВР.
24 Анализа на 24 Телевизија