Амнестија, аболиција или колективна амнезија или конечно право и правда, по којзнае кој пат најавувана – до кога превезот врз лицето на Јустиција ќе биде обоен со политичка боја? Ќе има ли сила новиот министер за правда да стави крај на партиските и бизнис влијанија во третата власт?
Реизбор, па ветинг, сега прочистивање – иста плоча со ист епилог или пак вистинска волја за проветрување. Јавен обвинител на предлог на опозицијата и ревизија на сите случаи кои сметаат дека треба да бидат отворени, меѓу кои и оној за масовното прислушување – дел од барањата кои опозицијата синоќа ги испрати од протестот од пред Кривичен. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судството и обвинителството се инструменти на мафијата предводена од власта.
Можни ли се тектонски промени во правосудството од кои ќе бидат задоволни и граѓаните и опозиционерите, но и Европската унија?
Во 24 Анализа дебата меѓу министерот за правда, Бојан Маричиќ и претседателот на правната Комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски.
24 Анализа на 24 Телевизија