Ќе ја урнат ли бугарската влада преговорите со Македонија? Првиот човек на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, која е дел од коалицијата предводена од Кирил Петков, најави дека ќе ги повлече своите министри од владата.
Трифонов ја обвини бугарската влада дека предизвикува финансиска криза во земјата, но смета и дека е погрешен начинот на кој премиерот Петков ги води преговорите со Македонија.
Бугарскиот премиер Кирил Петков пак категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“. Неполн половина час откако Трифонов најави дека ги повлекува министрите, бугарскиот премиер вели дека е подготверн да вбоди малцинска влада.
Гости се политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин, професорот Ненад Марковиќ и адвокатот Јанаки Митровски.
24 Анализа на 24 Телевизија