Собранието пред експлозија – разрешувањето на Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања тригер за нови тензии – зошто власта тргна во ваква авантура, кога првиот парламентарец Талат Џафери токму во интервју во 24 Анализа тврдеше дека е против деловничка и дека никогаш нема да ја дозволи? Со какви активности се заканува опозицијата? Ќе го напуштат ли Собранието? Ќе ја однесе ли најновата собраниска епизода, Македонија на избори?
Во 24 Анализа дебата меѓу координаторите на двете најголеми пратенички групи во Собранието – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски и Никола Мицевски.
24 Анализа на 24 Телевизија