Христијан Мицкоски ја прифати поканата од Димитар Ковачевски, но го услови дневниот ред со парламентарни избори и детали од прегоорите со Бугарија. Ќе биде ли прифатливо за идниот мандатар? Можно ли е Ковачевски и Мицкоски, додека нивните портпароли на дневно ниво го обвинуваат оној другиот за се и сешто, да си пружат рака за битни државнички процеси? Идниот премиер седнува на Илинденска со сериозни обвинувања од вицепремиерот во заминување Никола Димитров – сака ли Ковачевски да го замолчи Димитров? Се крчка ли решение со Бугарија по секоја цена? Мандатарот со прозивки и од сопартијците и од опозиционерите и од дел од критичката јавност, за владиниот дрим тим. Ќе успее ли да го додржи на Илинденска до 2024?
Опозиционерите најавија протести, па се повлекоа – се исплашија ли од неуспех? Зошто еден месец по Конгресот Мицкоски се уште владее сам?
За политичките предизвици на внатрешен, но и надворешен план во 24 Анализа дебата меѓу Андреј Петров од СДСМ и ИлијаДимовски од ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија