
24 анализа – Ќе бира ли Заев меѓу најдоверливите Спасовски и Шекеринска?
Заев пред одлука – ќе трча ли на предвремен паралментарен маратон заедно со претседателскиот, Мицкоски го обвинува дека се плаши од соочување со граѓаните по промена на името и законот за јазици. Разногласие и во албанскиот политички кампус – ДУИ не сака избори, Беса и Алијанса за албанците порачуваат дека се добродојдени – но, тивко. Паралелно на Бихаќка неформалната кампања за претседателски кандидат тргна – амбиции и лобирања безброј – ќе бира ли Заев меѓу најдоверливите Спасовски и Шекеринска – колку тврдо партиско решение ќе добие „пас“ од консензуалниот филтер на Ахмети? Дали во оваа консталација на силите Влатко Ѓорчев ќе се наметне како единственото решение на ВМРО-ДПМНЕ што нови изборни превирања ќе значат за условниот датум на Македонија за старт на преговорите?
Дебатираат Никола Спасов, Самоил Малчевски и Шпетим Љатифи
24 Анализа на 24 Телевизија