
24 анализа – Ќе биде ли среќен и македонскиот државно-партиски врв?
Метју Нимиц радосен за средбите во Македонија, по состаноците во Атина, ќе биде ли среќен и македонскиот државно-партиски врв откако медијаторот ќе го пренесе поздравот од грчките власти. Никос Коѕијас ја стокми спогодбата – во неа и промена на Уставот и проблематизирање на јазикот, вели ќе ја испорача во февруари. Од македонската Влада велат дека знаат за пакетот на Грција и дека се вклучени во се, без да прецизираат детали. Колку вистинското време за решение е навистина вистинско, колку првичните позиции ќе бидат и конечени, ќе треба ли да ја голтне Македонија кнедлата наречена уставни измени.
Дебатираат универзитетскиот професор Месел Биљали, аналитичарот и програмски директор на МЦМС, Александар Кржалоски и Перо Димшовски, екс функционер во СЕП.
24 Анализа на 24 Телевизија