Колку што се зголемува дипломатската офанзива за уставни измени, толку се чини опозицијата е потврда барем во реториката дека уставни измени, под како што велат бугарски диктат нема. И додека Германија преку канцеларот Олаф Шолц најави силна поддршка за македонските интеграции и гаранции во текот на процесот, а високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел тврди дека билатералните прашања нема да бидат обврзувачки, бугарскиот претседател со најава уставните измени се само старт. Христијан Мицкоски се врати од Брисел и ги кажа истите пораки “не” за уставни измени, но и обвинување дека власта го кодошела и барале да се врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Нацрт предлогот кој што го подготви работната група никако да стигне во Собрание, а власта и натаму најавува дека ќе бара поддршка буквално од секој пратеник. Ќе биде ли претстојното долго топло лето за пратениците како што најави Талат Џафери, ќе има ли реприза на сценариото за гласање на преспа, ќе играат ли закани, притисоци и уцени, а богами како што тврдеа и дел од пратениците во минатото – пари?
Пратеничка дебата меѓу Дарко Каевски од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија