Позитивен извешај и нова 10 по ред препорака за почеток на преговорите. Датумот е неизбежен, оптимизмот на владата се намалува, опозицијата обвинува дека со Зоран Заев земјава нема да направи ниту чекор кон Брисел. На Франција и Холандија и се приклучува и Германија. Од Берлин се почести пораки од Бундестагот дека датумот со кој владата се пофали уште лани, ни овој јуни не е опција. Какви се партиските проценки кога Македонија ќе седне на преговарачката маса? Што за земјава ќе значи недобивањето на датум? Историски најпозитивен извештај или пак извештај кој нотира неисполнети реформи.
Дебата во 24 анализа со Хари Локвенец од СДСМ и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија