Владата во низок старт за yставни измени, ќе слушаат експертски мислења за амандманите, но како ќе стигнат до 80 гласа не кажуваат, не знаат или навистина се подготвуваат неколку сценарија како што најави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ 24? Колку е можна реприза на гласањето за уставните измени кога се промени името на државата? Дали Христијан Мицкоски може да биде сигурен во своите пратеници? Зошто Димитар Ковачевски вети нешто што според бројките не може да го испорача? Колку со новото мнозинство Владата ги затвори обидите за предвремени избори на опозицијата? Што би значело за државата двојни избори следната година?
Дебатираат Јован Деспотовски СДСМ и Илија Димовски ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија