Собрание без мнозинство, Влада пред реконструкција, опозициски блок пред раздвојување. Колку одложената оставка на Зоран Заев дополнително ќе се одложува, колку барањето на Христијан Мицкоски за брзи избори е „фејк”? Дали Зијадин Села и Африм Гаши се пред „развод”? Што Али Ахмети заговара со Заев, а што преговара со Мицкоски?
Во 24 Анализа дебата на партиски претставници од четирите партии со најмногу гласови на последните парламентарни избори: Крешник Бектеши ДУИ, Дафина Стојановска ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски СДСМ и Халил Снопче – Алијанса за Албанците.
24 Анализа на 24 Телевизија