Дали ќотекот стана секојдневна лекција на улицата и начин за пресметка меѓу послабиот и посилниот? Кој е угнетен, а кој угнетува? Дали законите станаа празно слово на хартија? Тенка е линијата меѓу редот и анархијата кога секој ја зема правдата во свои раце. Полициската бруталност наспроти насилството врз полицијата. Политичка подобност или квалитет за влез во полициските редови. Каква полиција имаме таква е државата.
Во 24 анализа дебатираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Елвис Шаќири од Ромалитико и претставник на Аваја, универзитетската професорка Мирјана Најчевска и претседателот на македонскиот полициски синдикат Маријан Кицев.
24 Анализа на 24 Телевизија