
24 анализа – Како условниот датум ќе се рефлектира на референдумот?
Условниот датум за почеток на преговорите – еуфорија во власта, разочарување во опозицијата, има ли Македонија што да прославува? Брисел бара суштински реформи и опипливи резултати, но и докрај спроведување на договорот за името. Компромисот којшто го постигнаа министрите за надворешни работи денеска го заверуваат шефовите на влади и држави на ЕУ. Како условниот датум ќе се рефлектира на референдумот кој се најавува за есеноска, а од чии резултати зависат и уставните измени, по кои треба да почне ратификацијата на македонското членство на НАТО? Дебатираат потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зекири и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
24 Анализа на 24 Телевизија