Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој најавува изградба на брза пруга која во патничкиот сообраќај ќе се движи од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот со максимална брзина до 120 километри на час.
– Сакам да имаме пруга која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари- рече Николоски.
Тој посочи и пример.
– Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун, а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести – рече Николоски.
The post ЗА ЧАС И ПОЛОВИНА СО ВОЗ ЌЕ СТИГА ОД ТАБАНОВЦЕ ДО СОЛУН Се очекува наскоро да почне да се реализираа проектот брза пруга appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
ЗА ЧАС И ПОЛОВИНА СО ВОЗ ЌЕ СТИГА ОД ТАБАНОВЦЕ ДО СОЛУН Се очекува наскоро да почне да се реализираа проектот брза пруга
