tvstanici.net

📽 ВО ПРИРОДАТА ГО НАЈДОВ СВОЈОТ МИР Кејт Мидлтон открива што ѝ помага во закрепнувањето од ракот

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, раскажа како се справува со стресот откако лани ѝ беше дијагностициран рак. На Јутјуб каналот на Кејт и на принцот Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео каде што принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт, за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс, рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во овој многу зафатен свет“, како што самата додаде.
Сите не гледаат исто на времето во природа, вели таа, но нејзе тоа ѝ е многу важно.
– Покрај чувството на поврзаност, наоѓам и рамнотежа во природата… Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам сосредоточена на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новото нормално. Мојата искрена благодарност е до сите што тивко одеа покрај мене и Вилијам додека минавме низ сево ова. Не можевме да бараме повеќе. Грижата и советите што ги добивме за време на моето боледување беа исклучителни… Има многу што да се очекува. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка – изјави таа.
Принцезата уште во јануари објави дека ракот, што ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија.

 

View this post on Instagram

 
A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)

The post 📽 ВО ПРИРОДАТА ГО НАЈДОВ СВОЈОТ МИР Кејт Мидлтон открива што ѝ помага во закрепнувањето од ракот appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version