tvstanici.net

ВОЈНА ПРЕКУ КАБЛИТЕ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ Оштетен е телекомуникациски кабел на руската компанија „Ростелеком“

Подморскиот кабел на рускиот магнат „Ростелеком“ е оштетен во Балтичкото Море како резултат на надворешен удар пред извесно време, пренесе Москов тајмс.
Работите за реставрација се во тек и инцидентот досега немал никакво влијание врз претплатниците, додаваат од „Ростелеком“.
„Ростелеком“ не дале дополнителни детали и соопштиле дека не е јасно кога настанала штетата. Финската крајбрежна стража вчера наутро на платформата Икс објави дека следи руски брод кој го поправа оштетениот руски кабел во Финскиот залив.

РУСИЈА НЕ Е ВИНОВНА ЗА ОШТЕТУВАЊЕТО НА ПОДВОДНИТЕ КАБЛИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ Американските разузнавачи потврдија дека станува збор за несреќа

Регионот на Балтичкото Море е во состојба на висока готовност по серијата прекини на електричните кабли, телекомуникациските врски и на гасоводите меѓу Балтикот и Шведска или Финска, што доведе до зголемени операции за надзор од страна на членките на НАТО.
Се верува дека сите немири биле предизвикани од бродови кои влечеле сидра по морското дно откако Русија ја започна војната во Украина. Русија негира каква било вмешаност.
РУСКА „ФЛОТА ВО СЕНКА“ ИЛИ НЕШТО ДРУГО? Авиони и фрегати на НАТО ќе ги штитат подморските кабли во Балтичкото Море

Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version