VO CENTAR Operacija Reset.Tajniot plan na Rumen Radev i Slavi Trifonov za rusenje na Bojko Borisov!?




ВО ЦЕНТАР Операција Ресет. Тајниот план на Румен Радев и Слави Трифонов за рушење на Бојко Борисов!?

На Балканот се спроведува операција Ресет во рамките на која се менуваат балканските влади. Тоа се случи во Македонија, во Црна Гора, на Косово и сега се случува во Бугарија.

Бугарија ќе минува низ процес на промена на поличката гарнитура, но и силен процес на демонтажа на бугарските служби. Смената на првиот човек на државната агенција Разузнавање, Атанас Атанасов го означи почетокот на тој процес.

Тие промени во Бугарија ќе одат во два правци. Прво ќе биде промена на структурите на власта. На Румен Радев и на Слави Tрифонов им одговара и по изборите на 11 јули да не се формира влада и да се оди на нови трети парламентарни избори кога партијата ГЕРБ и Бојко Борисов ќе доживеат тежок пораз. А на Радев му одговара со службена влада ( која ќе продолжи да владее ако по изборите на 11 јули не биде формирана нова влада ) да ги дочека претседателските избори.

И второ ќе биде демонтажа на тајните служби. Македонското прашање во Бугарија секогаш се третирало преку тајните служби. Затоа за да се реши тој спор мора во Бугарија да дојде до демонтажа за живковизмот во службите и во идеологијата.

Ова е дел од емисијата Во Центар.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов