Во просториите на FJ Culinary School се одржа настанот „Вкусна средба со dmBio“, кој ги собра на едно место љубителите на здравата храна, нутриционизмот и кулинарството и сето тоа во име на едукацијата, автентичниот вкус и еден посебен животен стил.
Настанот беше организиран од dm и покажа колку значи кога храната има и квалитет и приказна.
Настанот започна со инспиративна панел-дискусија на тема „Органска храна: научи, прашај, примени!“ во која учествуваа нутриционистите Антонио Велковски и Симона Коруновска, како и д-р Бојан Трајковски, лекар по општа медицина.
Модератор на дискусијата беше Маја Лазаревска од „Готвиме со Маја“. Публиката активно се вклучи со прашања, а панелистите со голема експертиза ја отворија темата за важноста на органската храна во секојдневната исхрана.
– Органската храна не е само храна, туку е лек и превенција. Со вистински избори денес, можеме да спречиме многу хронични состојби утре – изјави д-р Бојан Трајковски, нагласувајќи ја улогата на органската исхрана во поддршката на имунитетот и општата здравствена состојба.
Нутриционистката Симона Коруновска, апелираше до младите генерации да се информираат и да прават храбри избори велејќи им дека органското јадење значи и свесност. Храната без пестициди и адитиви е чекор кон тело кое функционира подобро и ум што мисли појасно.
По завршувањето на дискусијата, присутните имаа можност да гледаат и готвење во живо. Тимот на FJ Culinary School подготви три креативни рецепти инспирирани од dmBio производите: Посни сендвичи со веге-плескавица, крцкави њоки во сос од домати, веган сутлијаш со пудинг од ванила и џем од јагоди.
Имаше можност да се доживеат преубави мириси, да се снимат рецепти, да се забележат идеи, но и да се вкусат. Всушност, највкусниот дел беше токму дегустацијата на dmBio закуски каде што сите присутни можеа да пробаат традиционални и модерни рецепти направени со многу сертифицирани органски производи од асортиманот на dmBio.
– Голем дел од луѓето сè уште мислат дека органското е недостапно. Но dm со dmBio покажа дека органската храна може да биде и достапна, вкусна и лесна за подготовка, истакна Симона Коруновска.
Антонио Велковски, истакна дека кога се купува органска храна треба да се внимава таа да е сертифицирана и да е наведено нејзиното потекло. Тоа е гаранција дека во производството се запазени високи стандарди, без употреба на пестициди и други хемикалии. И дека во јавноста често постои забуна и се меша, органската храна со домашна храна.
Настанот ја исполни целта: едукација преку искуство. Сите присутни заминаа со ново разбирање за органската храна што не e само тренд, туку и пат кон поздрав живот.
Со „Вкусна средба со dmBio“ dm дрогериите уште еднаш го потврдија своето лидерство во областа на органската исхрана, нудејќи не само производи туку и знаење, инспирација и грижа за своите купувачи.
The post ВКУСНА СРЕДБА СО dmBIO Патување низ вкусовите на природата со љубителите на органската храна! appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот