tvstanici.net

Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

Град Скопје информира дека на 28 и на 29 јуни во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни терестричната дезинсекција.

Терестричната дезинсекција, како што информираа од Град Скопје, ќе се реализира до 3 јули, во периодот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Exit mobile version