tvstanici.net

УСТАВЕН СЕ ПОВИКУВА НА ТАЈНОСТ НА ПОСТАПКАТА Судот нема да ги коментира медиумските објави за Законот за употреба на јазиците

Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот за Законот за употребата на јазиците кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност.
„Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност“, велат од Уставниот суд.
Од Судот апелираат на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version