tvstanici.net

УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО ДРОНОВИ Москва собори 91 беспилотно летало

Во текот на изминатата ноќ, противракетните системи соборија 91 украински дрон, од кои 40 беа над Курската област, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Во ноќта помеѓу 28 и 29 април, дежурните противвоздушни сили уништија 40 украински беспилотни летала од типот авиони. Од 20 часот на 28 април до 6 часот на 29 април, по московско време, системите за противвоздушна одбрана соборија 91 украински дрон од типот авиони, од кои 40 беа над Курската област“, ​​се наведува во соопштението.
Руското Министерство за одбрана не го наведува вкупниот број беспилотни летала, лансирани од Украинците, ниту штетата што можеби ја предизвикале.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно изјави дека московските трупи ги протерале украинските сили од Курската област пред повеќе од 8 месеци.
The post УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО ДРОНОВИ Москва собори 91 беспилотно летало appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version