Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави прилепскиот портал Маркукуле.
Ученикот веднаш бил префлен во прилепската болница а од таму итно бил испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, рекол за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Детето има повреда на прешлените и скршеници на петиците на нозете. Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.
Прочитајте ја целата статија од изворот
УЧЕНИК ПАДНАЛ ОД ТРЕТИОТ КАТ НА УЧИЛИШТЕТО Има повреди на прешлените и скршеници на петиците
