tvstanici.net

ТРАМП САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО Американскиот претседател порача дека е време да се заврши војната во Украина

Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина, се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп.
– Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме – истакна Трамп.
Тој додаде дека сака да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, што е можно поскоро.

МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.
Во палатата Долмабахче во Истанбул почна трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција.

ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ Путин игра своја игра, дали неговата иницијатива е само маска?

Пратеникот на Доналд Трамп во Украина, генерал Кит Келог, седи до американскиот државен секретар, Марко Рубио.
На средбата учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и пратеникот на Трамп за Украина, генерал Кит Келог, украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.
Домаќин на состанокот е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
ДАЛИ ПУТИН МОЖЕ ТУКУТАКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? Еве кои се Z-патриотите и зошто дел од Русија не сака мир

The post ТРАМП САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО Американскиот претседател порача дека е време да се заврши војната во Украина appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version