tvstanici.net

ТЕТОВЕЦ ЛЕТАЛ СО БРЗИНА ОД 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Пропишаната брзина на тој пат изнесувала 80 километри на час

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.
Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
The post ТЕТОВЕЦ ЛЕТАЛ СО БРЗИНА ОД 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Пропишаната брзина на тој пат изнесувала 80 километри на час appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version