tvstanici.net

ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РАСХОД ВО ДАНОЧЕН БИЛАНС Последен ден е 31 јануари

Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.
Вакви барања треба да поднесат даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност.
Тие треба да поднесат барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка  (образец „ДД-БС”) и барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход  (образец „ДЛД-БС”). И двете се поднесуваат електронски.
Барањето (ДД-БС и ДЛД-БС) се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација во целина да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка односно данок на личен доход.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version