Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ бил физички нападнат во синоќа во Белград. Непознато лице го нападнало одзади и го удрило по глава. Утрово тој за српските медиуми изјави дека се чувствува добро.
-Одзади ме нападна непознато лице, човек кој никогаш не сум го видел. Отидов да ги посетам моите родители пред 22 часот. Тој викаше, ме навредуваше, пцуеше. Ми пријде одзади, а кога се свртев да разговарам со него, ме удри и побегна. Ме удри во главата, по левата страна од носот каде што бев расечен. Имав очила, ми паднаа, ме исекоа. Ме удри во задниот дел од левата слепоочница – изјави Селаковиќ за РТС.
Тој потоа отишол во полиција да го пријави случајот, како и кај лекар, каде што по прегледот добил список со повреди.
Прочитајте ја целата статија од изворот
СРПСКИОТ МИНИСТЕР НИКОЛА СЕЛАКОВИЌ БИЛ НАПАДНАТ ВО БЕЛГРАД Непознато лице од зад грб го удрило во глава
