tvstanici.net

СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик не само што не се намалува туку се прават обиди да се заострува. Тоа се гледа од настаните во Европскиот парламент, но и од срамните изјави на највисоки претставници на ЕУ кои недоветно ги убедуваат Македнците кој е нивниот идентитет.

Се потврди дека бараната помена на Уставот на Македонија не е единствен услов туку е само почеток на асимилаторската и империјална политика и стратегија на Бугарија кон Македонија што е без преседан во XXI век. Таквиот однос отстапува од досегашната пракса на прием на држави членки во ЕУ кои имаа многу посериозни проблеми во периодот на приемот, но од нив не се бараа отстапки како од Македонија.

Последиците од предавничките политки на владите на Заев и Ковачевски заедно со тогашните министри Османи и Маричиќ се јасни за секого Нив ги брани само наследникот на Заев, кој злонамерно ги искривува фактите и преговара за идентитетски прашања со цел да ја потчини Македонија на интересите на Бугарија.
СПМ предлага за предавствата и за лагите што ги пласираат СДС и ДУИ  Јавниот обвинител на Македонија да покрене итна постапка и секој сторител да одговара за штетата што е направена.

Народот јасно ги одби предлозите од ЕУ и од Бугарија. Преговори под услови на уцени, особено не од бугарска страна што е навредливо за националното достоинство на македонскиот народ и неговиот став за великобугарската асимилаторска политика, не се прифатливи. Влезот во ЕУ не може и не смее да биде по цена на губење на идентитетот, јазикот, историјата и културата на Македонија.

СПМ повторно укажува дека никој нема право ниту мандат да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик. Македонскиот народ бара понижувачкиот однос од некои земји членки на ЕУ да престане и да започнат преговорите со меѓусебно почитување и респект. 
Македонските социјалисти ги отфрлаат ставовите и се оградуваат од постапките на ткн.европски социјалисти за кои иманентноста на националното прашање очигледно не е вредно за внимание што само го потврдува нашиот партиски став дека токму тие со своето однесување не се вредни за нашето внимание.

Македонските социјалисти укажуваат дека се потребни патриоти и национално определени храбри лидери кои може да ја водат државата и нејзината иднина.
СПМ повикува на борба за Македонија, за нејзиниот народ, јазик, идентитет, историја и култура.

Македонија не смее и не треба да трпи никакави уцени и изнудувања во замена за членството во Европската унија која ги руши сопствените критериуми од Копенхаген и го погазува сувереното право на секоја нација за самоопрделување според принципите на меѓународното право.
СПМ е подготвена да истрае на тој пат и заедно со Коалицијата “Твоја Македонија” да се избори за интересите на државата и народот.

СПМ 

Exit mobile version