На 01.06.2025 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.