Американката Микаела Шифрин е победничка на денешната трка во слалом возена во Леви, Финска.
Американката до триумфот стигна со вкупно време по двете трки 1:47.20 минута.
Втора заврши Катарина Линзбергер од Австрија, додека третото место ѝ припадна на Лена Дир од Германија.
Трката во Леви е историска за македонското скијање.
Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска е првата Македонка со настап во Светскиот куп. За жал, таа не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман.
ЈАНА АТАНАСОВСКА НЕ ЈА ЗАВРШИ ПРВАТА СЛАЛОМСКА ТРКА ВО ЛЕВИ Останува историјата да го забележи првиот настап на Македонка во Светскиот куп
ШИФРИН ПОБЕДИ НА СЛАЛОМОТ ВО ЛЕВИ Атанасовска не ја заврши првата трка
