tvstanici.net

Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ

Македонските власти со засилена динамика работат за средби со официјална Софија. Шефот на македонската дипломатија вели дека е подготвен да разговара со бугарските власти за решение во рамки на европските вредности, но подвлекува црвена линија за македонскиот јазик и идентитет. 

По однос на редефинирање на нашиот идентитет, по однос на прашања од историската природа кои можеме со апсолутна сигурност да ги констатираме, по однос на прашања со другите идентитетски атрибути на македонскиот народ, за такви прашања не сме подготвени да разговараме, но, да, сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности и секаде онаму каде што има волја, може да се најде соодветен пат.

Официјална потврда дека претседателката ќе се сретне со Желјасков, по иницијаива на Кошта во Хаг се уште нема. Но, Муцунски информираше дека за оваа средба се води засилена комуникација.
– Се надеваме дека таа средба ќе се оствари, има засилена комуникација во следните денови, се уште не можеме ништо да потврдиме. Претседателката Сиљановска Давкова, јас заедно со министерот за одбрана ќе бидеме дел од таа делегација и се надеваме дека една таква средба ќе може да даде импулс кон изнаоѓање на некое решение.

Дополни дека имаат и тековна комуникација со сите земји-членки, а фокусот е со Европската комисија и со Европскиот парламент, како и колку што е можно соодветни канали на комуникација со Бугарија, којашто го блокира овој процес. 
Таква можност беше и денешниот самит во Тирана каде Сиљановска пред Радев кажа дека една од најсериозните препреки на интегративниот пат доаѓа од самите балкански соседи. 

Уште посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи, преку злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам, Претседатекјата оцени оцени: овие постапки не само што го забавуваат процесот на евроинтеграцијата, туку и ги засилуваат стереотипите дека Балканот не е подготвен за Европа.

Освен внесување на Бугарите во Уставот, Радев вели дека нема да има никакви условувања.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Exit mobile version