tvstanici.net

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин на снабдувањето со електрична енергија Медиумската информативна агенција во изминатиов час не беше во можност да дистрибуира вести. 

Според информациите објавени на веб страната на Еелктродистрибуција, без струја се Македонската телевизија, судовите и околните згради, вклучувајќи ја и зградата во која е сместена МИА, Министерството за европски прашања, ДКСК и СОЗР. 

Засега нема официјални информации за причините за дефектот. 

Exit mobile version