tvstanici.net

Пожарникарите бараат измени во законот

Пожарникарите бараат измени во законот за пожарникарство односно воведување на старосна граница при вработувањето максимум до 26 години. Во текот на изминатиот период се вработувале  лица од 40, па дури и 60 години што влијаело на севкупната ефикасност во работењето.

Охридската противпожарна единица брои 39 пожарникари иако бројчано не ги задоволуваата капацитетите сепак со формирањето на здружението Ентузијаст кое брои 25 волонтери обучени за пожари се справуваат со предизвиците.

Нивните услови за работа не се најсоодветни за модерното време, но наоѓаат начин најпрофесионално да одговорат на повиците за помош, притоа ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат животите на другите граѓани, материјалните добра и природата.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Exit mobile version