tvstanici.net

ПОЧИНА ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ Во болницата во Струга било донесено во тешка состојба

Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.
Случајот во полиција бил пријавен во 9.50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.
– Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало – изјави портпаролот Стефан Димоски.
Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version