Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан.
„Ноќта беше мирна, папата се уште се одмора“, се вели во соопштението на Ватикан.
Папата Франциско (88) на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.
Ватикан вчера соопшти дека втор ден по ред на папата му е потребна неинвазивна, механичка вентилација.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.
Тој ниту денеска, веќе трета недела по ред, нема да ја предводи вообичаената неделна молитва.The post ПАПАТА ВТОР ДЕН НЕ Е НА РЕСПИРАТОР Ватикан соопшти дека состојбата му е стабилна first appeared on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
ПАПАТА ВТОР ДЕН НЕ Е НА РЕСПИРАТОР Ватикан соопшти дека состојбата му е стабилна
