Постои обид од страна на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за нејзиното усогласување со европските критериуми како каприц на нашата земја, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
– Тие се обидуваат барањата да ги претстават како билатерална блокада, што не е вистина – рече Јотова.
Таа денеска во Софија ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и ќе разговараат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Двете ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.
– Сакаме да чуеме од комесарката Марта Кос каква е визијата и проектот за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан. Во последните месеци, оваа тема е напуштена – рече таа.
Според Јотова, дебатата се искривува и во Бугарија во некои аспекти и на европски терен.
The post ЈОТОВА МИСЛИ ДЕКА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НОРМАЛНИ, А НЕ КАПРИЦ „Не е вистина дека го блокираме Скопје“ appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот