tvstanici.net

Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет

Осум македонци вечерва или најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион. Со оглед на тоа што воздушниот простор е затворен, преку копнен пат ќе бидат пренесени до Египет, а таму ќе ги чека авионот да ги пренесе до Скопје. Станува збор за четворица возрасни и четири деца. Останатите од вкупно пријавени 28 македонци кои сакаат да го напуштат Израел, се изјасниле дека ќе чекаат воспоставување на редовен авионски сообраќај од Тел Авив за да се вратат во Македонија. 

Владиниот авион е подготвен и чека на скопскиот аеродром кога ќе се обезбедат услови и кога нашите државјани ќе пристигнат на безбедна територија да ги врати во Македонија. 

Премиерот Мицкоски е во постојана комуникација со МНР и очекува најдоцна до утре пријавените наши државјани да бидат евакуирани. Според информациите на МНР досега за евакуација на наши државјани во Иран нема информации. 

Во Израел пак се наоѓаат околу 100 македонци. Македонската амбасада во Тел Авив се наоѓа на безбедна локација и за сега нема намера за евакуација на дипломати од ДКПата.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Exit mobile version