Националната телефонска мрежа падна во Шпанија – само неколку недели по големиот електричен колапс што го парализираше полуостровот.
Најпогодени беа фиксните линии, а граѓаните не можеа да се јават на 112 во повеќе региони, вклучувајќи ја Валенсија, Арагон, Баскија и Екстремадура. Мрежата се враќа постепено, јавија медиумите.
Причина за прекинот биле надградбите што ги спровела компанијата „Телефоника“. Таа призна вина и најави решавање. Во некои области сервисот веќе е вратен.
Проблемите почнале ноќеска, околу 2 часот. Според „Даундектор“, 72% пријавиле целосен прекин, 18% немање сигнал, 10% други проблеми.
Министерството за дигитална трансформација соопшти дека ја следи ситуацијата и бара конкретни информации од операторот.
Пред само три недели, милиони луѓе во Шпанија и во Португалија останаа без струја. На шпанската електрична мрежа ѝ беа потребни речиси 23 часа за повторно да го прогласи системот за оперативен, а прекинот ги погоди семафорите, уличното осветлување, терминалите за плаќање и информативните екрани.
The post НОВ КОЛАПС ВО ШПАНИЈА, МОБИЛНА КОМПАНИЈА ПРИЗНА ВИНА Мрежите паднаа среде ноќ, нема пристап до 112 appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
НОВ КОЛАПС ВО ШПАНИЈА, МОБИЛНА КОМПАНИЈА ПРИЗНА ВИНА Мрежите паднаа среде ноќ, нема пристап до 112
